Liderstvo (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 17
СОДРЖИНА
1. ВОВЕД
......................................................................................................
3
2. ПРИРОДАТА НА ЛИДЕРСТВОТО ......................................................
4
3. ГЛАВНИ ИЗВОРИ НА МОЌ КАЈ ЛИДЕРСТВОТО
........................... 5
4. МОДЕЛИ НА ОСОБИНИ И ОДНЕСУВАЊЕ НА ЛИДЕРСТВОТО
И ТЕХНИКИ
....................................................................................................
8
4.1. МОДЕЛ НА ОСОБИНИ
...................................................................... 8
4.2. МОДЕЛ НА ОДНЕСУВАЊЕ
.............................................................. 9
5. ЛИДЕРСТВОТО ВО БЕЗБЕДНОСНОСНИТЕ СЛУЖБИ
................. 16
6. ЗАКЛУЧОК
............................................................................................
17
7. КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА
.............................................................. 18
1. ВОВЕД
Во литературата за менаџментот одделни автори
потенцираат дека лидерството претставува функција на менаџментот, заедно со
другите функции, односно фуккциите на планирање, организирање и контролирање.
Лидерството притоа се јавува како процес на поттикнување ентузијазам кај луѓето,
за да ги поддржат целите на организацијата и напорно да работат во
остварувањето на важни планови. Во оваа смисла лидерството подразбира градење
чувство на обврзност, охрабрување за напорното работење и влијание врз другите
да го вложт својот труд во интерес на организацијата. Лидерството често се
објаснува како способност на менаџментот да креира такво опкружување што
поттикнува обврзување на вработените да учевствуваат во извршувањето на
стратегијата на организацијата. Тоа вклучува комплетни трансакции меѓу лидерите
и следбениците.
Со правилна и прктична примена на техниките на
лидерството, се надеваме дека секој раководител, менаџер или работник може да
биде успешен лидер во средината во којашто работи и живее. Луѓето се раѓаат со
определени квалитети, кои им даваат можност да станат професионалци во дадена
област, но обуката и развојот на бараните способности се поважни отколку тоа
дека човек се родил со нив. Потребните способности и техники човекот ги учи и
ги развива. Добриот лидер понекогаш треба да ги земе работите во свои раце.
Однесувањето на лидерот треба да ги обединува подготовките, екипната работа,
гордоста, мотивацијата и дисциплината- никогаш да не ги тера луѓето да прават
нешто кое тој самиот не би го направил. Лидерот се учи од непријателот и од
неговото лидерство.
Како дел од техниките кои ги употребува лидерот
се, мотивацијата, привлекувањето на привразаници односно следбеници, како и
развој на харизмата и сл.
2. ПРИРОДАТА НА ЛИДЕРСТВОТО
Постојат многу дефиниции за лидерството, но
најчесто се мисли на меѓуперсонално влијание кое се остварува кога една личност
е способна да добие согласност од друга за остварување на саканите цели на
организацијата. Според Симонческа, суштината на лидерството е следење, односно
создавање на спремност кај луѓето да следат одредена личност која влијае врз
нивните активности да постигнат определена цел во дадена ситуација.
Лидерството е процес со кој личноста врши
влијание над другите луѓе, ги инспирира, мотивира, и насочува нивните
активности, за да помогне да се остварат групните или организациски цели.
Додека пак личноста која што е способна да врши влијание над другите луѓе, за
да помогнат да се остварат групните или организациски цели се нарекува лидер.
Кога лидерите се ефективни, нивното влијание и
помага на групата или организацијата да ги оствари целите на извршувањето. Кога
лидерите се неефективни, нивното влијание не придонесува, и честопати го
намалува достигнувањето на целите.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!